Политика за приватност
Вашите лични податоци ги користиме само за да ја испорачаме услугата што ја барате и за да ги исполниме обврските што ни ги дава законот. Не ги продаваме и не ги даваме за реклами.
1. Кој се грижи за податоците (контролор)
- ПАМЕЛА ДООЕЛ Неготино, Јане Сандански 23, Неготино · ЕМБС 5124158 · ЕДБ 4011996104687
- Објект: Grey Star Hotel, Партизанска 47, Неготино
- Телефон +389 74 230 555 · Е-пошта info@greystarhotel.com
- Офицер за заштита на личните податоци: info@greystarhotel.com
2. Кои податоци, зошто и на која основа
| Услуга | Податоци | Цел | Правна основа | Рок на чување |
|---|---|---|---|---|
| Резервација на маса | име, телефон, е-пошта, датум и час, број гости, маса, повод и забелешка | да ја чуваме масата и да ве известиме | договор (вашето барање) и согласност | 12 месеци |
| Евиденција на непојавување | име, телефон, е-пошта, датум на резервацијата | следна онлајн резервација да биде со депозит | согласност и легитимен интерес | до одблокирање, најмногу 24 месеци |
| Нарачка за достава или подигање | име, телефон, адреса, нарачани јадења | да ја подготвиме и доставиме нарачката | договор | 12 месеци |
| Сметка во менито (по желба) | име, телефон, е-пошта, историја на нарачки | побрза нарачка следниот пат | согласност | додека не ја избришете сметката |
| Купување ваучер и промоции | име, е-пошта, телефон, име на примачот на ваучерот | да го издадеме и провериме ваучерот | договор | според роковите за сметководство |
| Сместување и пред-пријава | податоци од лична карта или пасош, датум на доаѓање и заминување | пријава на гостите што ја бара законот | законска обврска | се доставуваат до полицијата и се чуваат во хотелскиот софтвер (Hotelier) 3 години од последното престојување, за домашни и за странски гости |
| Фактури и плаќања | име или фирма, износ, датум | сметководство | законска обврска | според законите за сметководство |
| Известувања на телефон (по желба) | техничка адреса за известување од прелистувачот | да ве известиме за нарачка или маса | согласност | додека не ги исклучите |
| Безбедност на страницата | скриена (шифрирана) IP адреса | заштита од лажни и премногу барања | легитимен интерес | 1 час |
Непојавувањето го евидентира човек од хотелот, не компјутер сам: нема автоматско одлучување за вас. Не чуваме слики од вашите документи, само податоците што ги бара законот. Името и телефонот се задолжителни за резервација или нарачка: без нив не можеме да ја извршиме услугата. Е-поштата е задолжителна само кога плаќате онлајн, за да ви ја пратиме потврдата. Онлајн услугите за лица под 14 години бараат согласност од родител (член 12).
3. Плаќање со картичка
Податоците од картичката ги внесувате на страницата на банката (cPay / CaSys). Ние не ги гледаме и не ги чуваме бројот на картичката, рокот и кодот назад. Добиваме само потврда дека плаќањето успеало и износот.
4. Кој друг ги гледа податоците
- вработените што ја извршуваат услугата (рецепција, хостеса, кујна, доставувач);
- банката што го обработува плаќањето (cPay / CaSys);
- хостинг на страницата (Hostinger) и е-пошта (Microsoft 365), како обработувачи со договор; давателот на хотелскиот софтвер (2D Soft, Hotelier);
- сметководителот, за фактурите;
- државните органи кога тоа го бара законот (на пример пријава на странски гости).
Известувањата до персоналот за нова резервација не содржат име на гостин.
5. Вашите права
Според членовите 16–26 од Законот, имате право да:
- добиете информација и пристап до вашите податоци и нивна копија;
- барате исправка на неточни податоци;
- барате бришење, освен ако законот ни налага да ги чуваме;
- барате ограничување на обработката;
- ги добиете податоците во формат за пренесување;
- поднесете приговор на обработка што е заснована на легитимен интерес;
- ја повлечете согласноста во секое време, без тоа да влијае на поранешната обработка.
Барањето пратете го на info@greystarhotel.com или дадете го на рецепција. Одговараме најдоцна во рок од еден месец; во сложени случаи рокот може да се продолжи за уште два месеци, за што ве известуваме (член 16).
6. Жалба
Ако сметате дека ги обработуваме податоците спротивно на законот, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, Скопје.
7. Заштита и измени
Страницата работи преку шифрирана врска (HTTPS), а пристап до податоците имаат само овластени лица со лозинка. Измените на оваа политика ги објавуваме на оваа страница, со датум на последна измена.
Колачиња
Страницата користи само неопходни колачиња, без кои не би работела. Не користиме колачиња за следење, аналитика или реклами (нема Google Analytics ниту Facebook Pixel).
| Вид | Што прави | Примери | Рок |
|---|---|---|---|
| Неопходни | кошничка и нарачка, најава, јазик, заштита од злоупотреба, вашиот избор за лентата | WooCommerce сесија и кошничка, WordPress најава, gs_cookie | до затворање на прелистувачот / 12 месеци |
| Локално чување во прелистувачот | вашите резервации и податоци за побрзо пополнување, само на вашиот уред | gs-rez, gs-resv | додека не ги избришете |
